четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Даштевски: Сè е подготвено за вториот круг од локалните избори

Даштевски: Сè е подготвено за вториот круг од локалните избори

Сѐ е подготвено за гласањето во вториот круг од локалните избори. Од Државната изборна комисија информираат дека избирачкиот материјал е доставен до општинските комисии, како и терминалите за читање отпечаток од прст.

Од ДИК очекуваат процесот да се одвива без проблеми. Во вториот круг од локалните избори в недела ќе се гласа во 44 општини. Право на глас имаат 1.353.990 избирачи.

– Со оглед на тоа што доверливите материјали се доставени во општините каде што ќе се гласа, тоа значи дека сме подготвени. Има милион и 600 илјади ливчиња сега, а минатиот пат имаше 4,5 милиони, тоа е далеку помалку, така што полесно ќе оди гласањето, нема да се создаваат гужви бидејќи мали се избирачките ливчиња, изјави за МТВ првиот човек на ДИК, Александар Даштевски.

Гласањето почнува во сабота кога се изјаснуваат болните и немоќните, лицата со Ковид-19 и во самоизолација, затворениците и притворениците.

Според податоците на ДИК ќе гласаат 1.409 затвореници, 266 лица во 13 старски домови и шест внатрешно раселени лица.

Од ДИК информираат дека во прв круг ќе се прегласува на по едно избирачко место во Дебар и Шуто Оризари.

Во недела нема да се гласа за градоначалник во Маврово- Ростуше и Центар Жупа. Во овие две општини ќе се организира повторување на гласањето за градоначалник согласно Законот за локална самоуправа.

Најнови вести