Според овој договор, ние се ставаме во заложништво, бидејќи се прават комисии, меѓусебни комисии, каде што они секогаш можат да ставаат вето, ако едно прашање не е решено, како што сакаат они, односно како што е предвидено во договорот. И затоа викаат од ВМРО-ДПМНЕ дека е штетен договорот, истото го вика и Претседателот Иванов, нагласи Александар Даштевски при гостувањето во „Само Вистина“.
Даштевски го даде и примерот со Бугарија кога премиерот рече дека наше е Илинденското востание, а Бугарите се побунија. Стотици такви примери можат да бидат и замка. Тука се виде и замката.
-А уште полоша е ситуацијата со Грција. Има една комисија за менување на историјата и учебниците во образованието, и таму тие 2 пати годишно ќе се состануваат и ќе се договараат што да се смени. Доколку не се исполнат овие услови никаде да не се става Македонија, секаде да биде слеш и тие други услови што се предвидени, они имаат на поглавје право да не блокираат. Секое поглавје отворено од ЕУ доколку вие на пример не сте завршиле одредена обврска, а може да не сте ја завршиле од бирократски причини, еве ние не правиме реформи цела година и поради тоа они можат да стават вето на секое поглавје, така пишува во договорот, појасни Даштевски.