четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Даскаловски: Промените во Уставот одат во правец кон создавање на една хибридна бинационална држава

Даскаловски: Промените во Уставот одат во правец кон создавање на една хибридна бинационална држава

Политичкиот аналитичар Жидас Даскаловски во изјава за порталот МКД.мк потсетува дека од аспект на безбедноста на регионот, Македонија е клучна на Балканот.

-Тука се преплетуваат интересите на сите пет соседи, но и на Русија, Турција, САД како членка на НАТО и земјите на Европската Унија. Евентуалниот конфликт меѓу Косово и Србија, иако тоа е само локален проблем, нема да остане така затоа што се работи за поголем сет на интереси на локални и регионалните сили, вели Даскаловски.

Тој додава дека за стабилноста на Македонија влегувањето во НАТО е многу битно, но тоа нема да ги исклучи внатрешните борби и конфликти.

Тиранската платформа чекор по чекор се остварува

-Тиранската платформа чекор по чекор се остварува. Изборното ветување на СДСМ за излегување од рамките на Охридскиот договор води кон тоа, потврдување и применување на Тиранската платформа. Дали е можна радикализација на барањето во северозападниот дел на Македонија, битно е да се следат и случувањата во Косово во однос на Србија. Тоа се споени лончиња, вели Даскаловски.

Откако ќе се спроведе таа платформа, додава тој, логичен чекор ќе биде групирањето на Албанците во некаква автономија или регионализација.

-Сите овие промени во Уставот одат во тој правец, кон создавање на една хибридна бинационална држава. Оттука сосема логично е да се очекува еден вид и на територијално разграничување на Македонија. Тоа е траекторијата исцртана во изборната програма на СДСМ. Многу веројатно е дека ова може да се оствари, вели Даскаловски во изјавата за МКД.мк.

Најнови вести