понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Даскаловски: Владата да покаже издржани позиции, ние имаме достоинство, идентитет и име кое не смееме да го продаваме

Даскаловски: Владата да покаже издржани позиции, ние имаме достоинство, идентитет и име кое не смееме да го продаваме

Македонската влада да покаже издржани позиции во преговорите за името со Грција, вели во изјава за Канал 5 телевизија професорот и политички аналитичар Жидас Даскаловски.

Властите имаат обврска да се фокусираат на демократизација и европеизација на земјата без разлика во која фаза се преговорите со Грција.

Колку најавата на Хан е реална?

Со сите изјави на евро бирократијата. И политичари и парламентарци ова е реална најава очекувано е и извештајот за напредокот  да биде позитивен од структурите на комисијата да е позитивен и да се даде препорака за почеток на преговори која што е веројатно советот да ја верификува во смисла да ја прифати доколку има некаков напредог во преговорите со името . Мислам дека ќе биде препорачано но. На крајот од денот европскиот совет ќе реши во однос на тоа како одат преговорите  со името..

Мак влада треба да покаже издржани позиции, да не брза, на крајот на денот знаеме дека почеток на преговори не значи дека ќе бидеме членови. И дека ние имаме достоинство, идентитет и име кое не смееме да го продаваме. Ние сме тука една страна која треба Да работиме на демократизација и на европеизација на земјата без разлика во која фаза се тие разговори со Грција.

Целиот разговор погледнете го во видеото на Канал 5.

Најнови вести