вторник, 14. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Датумите на Заев се најголемиот доказ за лажните вести на власта

Датумите на Заев се најголемиот доказ за лажните вести на власта

Во потрагата по реалниот датум, од бројните лажни датуми за почеток на преговори со Европската унија, наспроти лиферувањата во јавноста за лажните вести, се чини дека Владата на чело со премиерот Зоран Заев е најголем ренератор на лажни вести во земјава.

По второто вето од страна на Бугарија, јавноста е полна со коментари дека ова е „само второ вето откако сме членка на НАТО“, како и тоа дека „почесто добиваме датум за преговори, отколку што потенцијално заразените од коронавирусот добиваат термин за тестирање“ во земјава, обидот да се релативизира дека некој не ја кажува вистината, кога реалноста во која живееме е ваква, се чини дека е попусто од страна на властите и блиските мегафони до власта.

На темата лажни вести или популарно фејк њуз, јавноста се изначита секакви работи во претходниов период, но ако некој лажел најмногу се чини дека е Владата.

Новинарка на реномираниот весник од САД „Њујорк тајмс“, Сабрина Тавернизе, во едно свое интервју ќе нагласи дека „лажното информирање се прави со цел намерно да се објави некоја пропаганда или дезинформација“.

По ова кратко образложување на реноминарата новинарка се наметнува прашањето дали нереализираните ветувања на власта дадени предизборно и добиените лажни датуми за преговори со ЕУ на Владата можат да се класифицираат како лажни вести?

Во Август месец 2019 година од владеачката партија објавија дека Владата до сега ги реализирала 500 километри патишта, но ова беше голема лага, затоа што ако тоа било така Македонија ќе имаше автопати скоро колку што е должината од Скопје до Атина, но подоцна излезе дека не биле автопати, туку патишта, но и тоа не е вистина затоа станува збор за видлива површина по која граѓаните патуваат секојдневно.

Исто беше и со ветувањето за 500 евра просечна плата, која требаше до крајот на 2019 година, но и тоа не се случи.

Можеби дно од најголемите ветувања беше и лагата за „Планот за чист воздух“ на Владата според кој требаше да се намали загадувањето на воздухот до 50% во Скопје, а од 30 до 50% во другите градови сето тоа до 2020 година која е веќе во заминување, а програмата тврдат владините ресорни функционери дека истата се спроведува, но македонските граѓани не само што не добија 50-тина проценти почист воздух, туку загаденоста се зголемува дупло повеќе.

Кога Владата тврди дека се реализира или била реализирана одредена лага, за која што може да се увиди дека не е така, да станува збор за ширење дезинформација.

-„Во авион штотуку примив одлична вест.. Република Македонија доби датум за старт на преговори за членство во ЕУ!“, ќе напише Заев на Фејсбук на 26 јуни 2018 година и сите медиуми ќе преземат и објават дека Македонија доби датум за преговори.

-„Скриниг процес почнува на 17 јули овде во Македонија, тоа е доказ дека Македонија доби датум за преговори“, рече Заев на 2 јули 2018 година од собраниската говорница.

-„Македонија почнува преговори за членство со Европската унија, рече Заев на 25 март 2019 година“.

– Добивме датум за преговори. Дотогаш, заедно со нашите пријатели и партнери од Европската комисија, заеднички ќе работиме на остварување на критериумите, односно на имплементација на фазите од Договорот со Грција и финализација на реформите. Многу сме блиску до нашата цел да ги достигнеме стандардите на ЕУ, рече Заев, a пренесе Владата во јуни 2019 година.

Дека не станува збор за само обични лаги на Заев, говори и фактот кога лажното информирање се прави со цел да се спроведе пропаганда за лажење на потенцијалните гласачи како минатата година во предизборниот процес.

-„Прво во Шуто Оризари сакам да ја споделам убавава вест. Нашата заедничка земја конечно отвара поглавја, почнува да преговара“, рече Заев на митинг во кампањата на 30-ти април лани.

Овие изјави и целата пропаганда која стои зад нив се лажни вести чија содржина е намерно претставување на одредена информација како точна, а нивната цел е да ги збуни луѓето, правејќи да поверуваат во вистинитоста на податоците или информациите како реални.

Датумите на Заев, како и ветувањата, но и пренесувањето на информации од страна на Владата и медиумите се факт, но факт и вистина е дека Македонија сеуште по толку лажни вести, нема добиено датум за преговори со Европската унија, исто како што нема 500 евра просечна плата, ни 500-тини километри автопати, а најмалку чист воздух за граѓаните.

Најнови вести