петок, 8. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Давидовиќ: Да се работеше за некој друг, а не за Јанева, досега ќе беше во притвор

Давидовиќ: Да се работеше за некој друг, а не за Јанева, досега ќе беше во притвор

Адвокатот Ѕвонко Давидовиќ во своето гостување на „ТВ24“ изјави дека случајот „Рекет“ и сомневањата дека Катица Јанева е вмешана во незаконити дејствија создава многу лоша слика, многу лоша ситуација во државата.

Според Давидовиќ, за овие случувања не помага ниту обвинителството кое го води предметот, бидејќи како што вели тој се, се одвива многу споро, истрагата се „каска“.

Тој во својата изјава објаснува дека се и многу штури информациите во јавноста кои како што вели Давидовиќ, служат за шпекулирање и разни приказни. Адвокатот истакнува дека да беше друг човек во прашање ќе имало мерка притвор за вакво однесување.

Но во овој случај како што потенцира Давидовиќ нема ниту аргумент со кој јавниот обвинител би ја смирил јавноста, за да знаат луѓето на што се и што се случува.

Најнови вести