Во периодот од 10:00 до 14:00 часот утре без електрична енергија ќе бидaт корисниците на целото конзумно дебарско подрачје.
-Поради техничка интервенција во Хидроелектраната „Шпиље” кај Дебар утре, вторник, во периодот од 10:00 до 14:00 часот ќе има прекин во снабдувањето со електрична енергијана на целото дебарско конзумно подрачје, стои во известувањето.
Дебарското конзумно подрачје, ги опфаќа општните Дебар, Центар Жупа и подрачјето на Река, општина Маврово и Ростуше, кое во целина опфаќа над дванаесет илјади потрошувачи.