недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Дебата за значењето и улогата на јавните финансии во евроинтеграцискиот процес

Дебата за значењето и улогата на јавните финансии во евроинтеграцискиот процес

Националната конвенција за Европска Унија  денеска ќе биде домаќин на Работната група 6 – Антикорупција (Поглавје 5 – Јавни набавки, Поглавје 18 – Статистика и Поглавје 32 – Финансиска контрола), која ќе ја одржи втората сесија на тема „Фискална политика заснована на правила: значењето и улогата на јавните финансии во евроинтегративниот процес на Република Македонија“, во организација на Европското движење.

Воведно обраќање на темата ќе имаат вишиот советник во Министерството за финансии  Франци Клужер и претседателот на Фискалниот совет Глигор Бишев.

Во дебатата ќе бидат вклучени и други експерти од областа на финансиите, универзитетски професори, но и претставници на граѓанскиот сектор, релевантни за оваа тема, меѓу кои заменик-претседателот на Стопанската комора на Република Македонија, Зоран Јовановски, поранешниот министер за финансии, Џевдет Хајредини, како и вишата економистка за државите од Западен Балкан и економистка на Светската банка за Македонија, Сања Маџаревиќ–Шујстер. 

Најнови вести