петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Децата од интернатот „Мирка Гинова“ престојуваат во студени простории

Денес е 11ти Декември, уште 10 дена и календарски ќе влезиме во Зима. Но очигледно тоа за директорката на интернатот Мирка Гинова од Битола не е од големо значење.

Имено, скоро еден месец собите на децата кои се сместени во интернатот се држат на 15 Целзиусови степени, а кога тие се побуниле за ситуацијата биле советувани да не ги отвараат прозорците туку да држат затворено и ќе му било топло.

Директорке Елена Спасеновска дали знаете дека си имате работа со деца, човечки суштества кои учат и живеат во интернатот кој ви е доверен на вас ?

Па греота е и срамота на 21 век и тоа не е толку важно што сме 21 век, поважно е тоа што сега е Декември и што надвор температурата е степен или два над нулата, а во доцните вечерни и раните утрински часови таа паѓа и под нула. На вакво време собите на децата да бидат чувани на 15 степени е нехумано и воопшто не прифатливо, а уште од сега се плашам да помислам што ќе се случува кога температурите ќе паднат длабоко под 0 !?.

Директорке доколку вие ги советувате децата да не ги отвораат прозорците, ние ве советуваме и ве замолуваме, доколку сте неспособна, како што и се покажа во праксата, ве молиме да ја напуштите раководната позиција од оваа институција, бидејќи навистина претеравте.

Најнови вести