Потпретседателот на ДУИ, на денешната прес конференција и официјално објави дека во новиот закон за Јавно обвинителство се прифатени сите барања на нивната партија.
Со ова Груби укажа и на лагата на Дескоска и СДСМ дека Законот бил повлечен од Собрание поради грешки. Дефинитивно не биле точки и запирки, како што тврдеше самопрогласената и номинирана нова членка на Венецијанската комисија од Македонија, туку пазарот со ДУИ го одложил
„Апсолутно сите барања на ДУИ и на заедницата веќе се инкорпорирани во двата текста на закони. Успеавме да воведеме Бадентер во изборот на сите јавни обвинители во обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, успеавме да ја вметнеме и целосната еднаква, службена, употреба на албанскиот јазик во сите постапки во Јавното обвинителство и во советот на Јавни обвинители, согласно одредбите од Законот за употреба на јазиците, како и намалување на критериумите за избор на јавни обвинители, при што ќе се обезбеди правична застапеност и на Албанците и на другите заедници во Јавното обвинителство“ рече Груби.