Бугарскиот медицински сојуз го награди доц.д -р Дејан Анакиевски (по потекло од Делчево) вработен во Универзитетската болница „Св. Марина “ – Варна со наградата „ Доктор на годината за 2021 година “.
На Денот на бугарскиот лекар – 19 октомври, Бугарскиот лекарски сојуз ги додели традиционалните награди „Доктор на годината 2021“ за придонес во медицината.
Д -р Дејан Анакиевски, раководител на Клиниката за урологија при Универзитетската болница „Св. Марина “- Варна, наградата ја освои во категоријата „ Придонес за развој и примена на иновативна медицина и уникатни техники “.
Во своето обраќање по повод големото признание Доц.Анакиевски рече:
-Ви благодарам за престижната награда. Оваа година е поспецијална затоа што славиме 120 години од основањето на Бугарската медицинска унија. Благодарение на тимот со кој работам и на кој можам да сметам оваа награда е важна не само за мене. Тоа е важно признание за болницата во која работам. Благодарност до раководството на Универзитетската болница „Св. Марина “ и Медицинскиот универзитет – Варна, бидејќи без нивна помош и без опремата што ја обезбедија, сите овие достигнувања немаше да се случат. И сето тоа во име на подобар квалитет на живот за пациентите “, рече Анакиевски во своето обраќање по повод доделувањето на престижното признание.