вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Декември 2021 потопол од досегашниот повеќегодишен просек

Декември 2021 потопол од досегашниот повеќегодишен просек

Декември 2021 година се карактеризира како потопол и просечно влажен месец во споредба со многугодишните просечни вредности, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Според метеоролошките станици во земјава, 19 дена од месецот било над пет степени во Берово и Прилеп, како и 29 дена во Гевгелија.

-Средната месечна температура варираше од -0,7 степени во Лазарополе до 5,9 во Гевгелија. Споредено со многугодишните (1981-2010) декемвриски средномесечни температурни вредности, годишните (2021) се повисоки за 1,1 степен на ниво на држава. Највисоката максимална температура 17 степени беше измерена на 6 декември во Струмица, додека најниската минимална -13,2 на 23-ти во Берово. Средната максимална температура варираше од 2,3 степени во Лазарополе до 10,5 во Гевгелија, додека средната минимална температура беше од -3,4 во Лазарополе до 1,5 во Гевгелија, наведува УХМР.

Во декември 2021 година месечната сума на врнежи варираше од 38 милимитери во Скопје – Зајчев Рид до 140 во Маврово, согласно конвенционалните мерења.

-Врнежите беа регистрирани на целата територија на државата во текот на првите две декади од месецот во вид на дожд, додека на повисоките планински места беше забележен и снег, замрзнат дожд и лапавица. Максималната дневна сума на врнежи од 43 милиметри беше регистрирана во Берово на 7-ми во месецот. Максимална снежна покривка во Лазарополе од 44 сантиметри беше регистрирана на 11 декември, во Маврово 58 сантиметри беа измерени на 18-ти и на Попова Шапка 96 сантиметри на 12 декември. Споредено со декемвриските многугодишни просечни суми (1981-10), измерените декемвриски (2021) врнежи беа просечни на ниво на државата, информира Управата.

Најнови вести