вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Делегација на УМС предводена од Кржалоски оствари средба со хрватскиот премиер Пленковиќ

Делегација на УМС предводена од Кржалоски оствари средба со хрватскиот премиер Пленковиќ

Делегација на УМС на ВМРО-ДПМНЕ предводена од претседателот на УМС Лука Кржалоски, заедно со потпретседателот Филип Георгиев, секретарот Владо Бошњаковски и Тодор Конески оствари средба со премиерот на Република Хрватска, Андреј Пленковиќ.

Делегацијата на УМС неколку дена е во Хрватска и има средби со владејачката партија ХДЗ, што уште еднаш ги потврдува добрите релации меѓу двете сестрински партии, како и нивните подмладоци.

-Унијата на Млади Сили со еден голем пријател на ВМРО-ДПМНЕ и Македонија, премиерот на Република Хрватска, господинот Andrej Plenković. Во краткиот разговор што го имавме изрази надеж за прогрес на нашата држава и партија и испрати големи поздрави до нашиот претседателHristijan Mickoski ????, објави Кржалоски на социјалните мрежи.

Најнови вести