вторник, 21. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Делегација на црногорскиот Парламент во посета на Јавното обвинителство

Делегација на црногорскиот Парламент во посета на Јавното обвинителство

Јавниот обвинител на Македонија, Љубомир Јовески денеска прими делегација од Одборот за политички систем и правосудство во Парламентот на Република Црна Гора, предводена од пратениците Момо Копривица, претседател на Одборот и Борис Мугоша, член на Одборот.

На средбата, Јовески ги запозна црногорските претставници со уставната и законската поставеност на Јавното обвинителство. Со оглед на бројните реформи планирани во оваа сфера во Црна Гора, тие особено се интересираа за начинот на функционирање и искуствата од работата на истражните центри, законските решенија за конфискација на имот и за можностите за решавање на предметите преку инструментот на спогодување.

Црногорските пратеници се запознаа и со воспоставениот систем на одговорност на јавните обвинители, како и со обезбедувањето на просторните и материјалните услови за работа на обвинителството.

Најнови вести