Рамковниот договор склучен во Охрид пред 19 години, според припадниците на етничката заедница Египкани е со „тесни рамки“ и нив ги става во подредена положба, подложни на дискриминација, институционална неинтеграција и како такви подложни на “тивка административна асимилација“, истакна лидерот на НГИ КОАЛИЦИЈА НА ЕГИПКАНИ, Демир Далип.
Тој потенцира:
-Слободно може да се констатира дека не сите ги чувствуваат ефектите од овој договор, кој, според мое мислење, донесе само привиден мир и спречи ново Босанско сценарио и крвопролевање на овие простори. Но денес Египќаните, Црногорците и Хрватите, кои не се спомнати во Преамбулата на Уставот на РМ дефакто не се дел од споведувањето на Охридскиот договор, што претставува одреден степен на дискриминација и не е во насока на еднаков третман на граѓанините и спроведување на начелото на ЕДНАКВОСТ И РАМНОПРАВНОСТ како и начелото на СООДВЕТНА И ПРАВИЧНА ЗАСТАПЕНОСТ.
Далип истакна дека Рамковниот договор за нив не се применува.
-Денес, за жал, можеме да констатираме дека нема ниту еден деклариран, а вработен Египканњец/ка според духот, содржината и целта на Охридскиот Рамковен Договор, а да не говориме за раководни фунции, минстри, заменици министри, директори, па ниту раководители. Ваквата состојба е далеку од едно праведно и еднакво општество за сите граѓани, а особено за ранливите етнички заедници, истакна Демир Далип.