Како НГИ „Коалиција на Египќаните“ јавно ги повикуваме сите Египќани кои имаат право на глас, на 5 мај масовно да излезат на гласање и да го поддржат кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Проф. Д-р Гордана Силјаноска Давкова, онака како што го сторија тоа, на 21 април, храбро, одлучно, без страв и достоинствено, повика лидерот на НГИ „Коалиција на Египќани“, Демир Далип.
-Египќаните се „жедни“ за правда, правична и соодветна застапеност, за владеење на правото, за рамноправност и еднаквост. Ова, се заложбите на професорката Силјаноска за спроведување на начелото на правична и соодветна застапеност, поддршка на ранливите категории, меѓу кои спаѓа и етничката заедница на Египќаните, како најмаргинализирана и институционално најнеинтегрирана етничка заедница.
Со победата на Силјаноска, Египќаните имаат свој поддржувач, кој несебечно ќе им помогне во нивните легитимни барања, истакна Далип во дописот.