После денешното видео кое се појави на социјалните мрежи на кое јасно се гледа како полициски службеник тепа млад граѓанин припадник на ромската заедница. Барам под итно реакција од министерот Спасовски како и секторот за внатрешна контрола при Министерството за внатрешни работи да го испитаат случајот како и да ги санкционираат полициските службеници. Да не се случи и со овој случај да се стави под тепих како и со случајот со смртта на родилката од Шуто Оризади за која истрага сеуште нема, стои во Фејсбук статусот Ерџан Демир, член на ВМРО-ДПМНЕ.
-Господине Заев каде сте? Гледате ли што се ни се случува на ромите. Ни ветивте ЖИВОТ, правда и еднаквост. На ова ли помисливте додека ни се обраќавте за време на предизборната кампања, пишува тој.
Јавно ги повикувам сите членови и функционери Роми на СДС како и Ромските политички партии кои се во коалицијата “МОЖЕМЕ” да излезат и да бараат одговорност и расчистување на овие случаи. Ова ромската заедница нема да ви го заборава, посочува Демир.