Уставни промени?! НЕ, бладодарам! Во пресрет на оддржувањето на лидерската средба Демократската партија на Србите во Македонија го реафирмира порано утврдениот став дека нема да подржи ниту едно решение, спротивно на интересите на македонскиот народ, овојпат изразено во двотретинското мнозинство против измените на Уставот, вели Иван Стоилковиќ.
-Тоа е став на целокупната пратеничка група на Колицијата за обнова на Македонија, кој на лидерската средба уште еднаш силно ќе биде афирмиран од Христијан Мицковски, како лидер на коалицијата.
Собранието во овој состав нема легитимитет за носење на таква одлука против која е огромното мнозинство македонски граѓани, одлука која е без национален консензус, која е резултат на диктат и која е спротивна на европските вредности и стандарди. Онаа што следи е одговорот на прашањето што ќе прави власта после пропаѓањето на иницијативата за промена на Уставот во Собранието, ако нели се осмелат да ја поднесат, но секако од авион се гледа дека “царот е гол”, додава тој.