Демократските сили на Ромите преку реакција до јавноста велат дека ниту еден Ром не се најде во реконструираната влада и поради тоа бараат предвремени парламентарни избори што поскоро.
„Денеска Собранието на Република Македонија ќе одлучува за реконструкција на Владата, по предлогот на премиерот Димитар Ковачевски. Предлогот за реконструкција на Владиниот кабинет следување по претходни преговори и консултации на партиите АА, СДСМ и ДУИ.
Во оваа нова коалиција во кабинетот на премиерот ќе се најдат четири нови Министри и пет нови заменици Министри, од кои тројца се Албанци, еден Македонец и од пет заменици Министри тројца се Албанци и двајца Македонци заменици Министри.
Според ваквото креирање на новиот владин кабинет и овој пат не се најде место за Министер или заменик Минитсер кој е припадник на Ромската заедница во Република Македонија.
Поради ова, ДСР бара од пратеничката Љатифе Шиковска која е од редовите на СДСМ како и од сите пратеници кои мислат добро на Ромите во Македонија, да не го подржат овој предлог за реконструкција на Владата и час поскоро да се распишат предвремени парламентарни избори, бидејќи ова е уште еден доказ дека Ромите се бараат само кога им треба гласови а нема соодветна застапеност во институциите во системот!
Ромите на следните парламентарни избори кога да се случат, треба добро да се размислат на кого ќе го дадат својот глас за поддршка!“, стои во нивната реакција до јавноста.