Ден Дончев, директор на Фондот за здравство во денешната прес-конференција, која беше организирана за правдање пред јавноста за аферата „Рекет 2“, заврши како целосно фијаско за власта.
Дончев во исклучително збунувачки настап откри „повеќе од што требаше“, па така изнесе информација дека и кажал на Шведската компанија која сакала да го купи Диамед, дека против неа има истрага, со тоа и директно повредувајќи ја тајноста на истрагата.
На прашањето дали во писмото кое го пратил Дончев до Швеѓаните стоело дали се водело истражна или предистражна постапка, тој кажа дека во првото писмо пишувало дека ќе се води истрага, по првично негирање.
-Значи вие сте ја измамиле шведската фирма дека во моментот се води истрага, праша новинарот.
На што Дончев одговори дека само им кажал за намерите да се води истрага. По што новинарот во потпрашање запраша дали всушност Дончев знаеле дека ќе се води истрага, на што тој кажа апсолутно да.