Во касарната „Алексо Демниевски-Бауман“ во Велес денеска ќе се реализира Ден за високи гости на вежбата ,,РЕГЕКС-19“. На Денот за високи гости ќе присуствуваат министерката за одбрана Радмила Шекеринска и началникот на Генералштабот, генерал-потполковник, Васко Ѓурчиновски.
Како што е најавено, на присутните покрај министерката Шекеринска, ќе им се обрати и командантот на Здружената оперативна команда, генерал-мајор Павле Арсоски.
Според програмата, пред присутните ќе бидат презентирани активностите кои се изведуваат на вежбата, а ќе може да се изврши обиколка на Центарот за симулации на Командата за обука и доктрини во Велес.
,,РЕГЕКС-19“ е компјутерски симулирана вежба под раководство на НАТО на која учествуваат припадници на армии на 19 земји членки на НАТО, членки на Партнерство за мир, Медитеранскиот дијалог, Истанбулската иницијатива, како и партнерски земји на НАТО во светот.