четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

„Денес сè се купува и продава“: Прочитајте ги најдобрите цитати од драмите на Горан Стефановски

„Денес сè се купува и продава“: Прочитајте ги најдобрите цитати од драмите на Горан Стефановски

Горан Стефановски беше еден од најзначајните писатели на македонска драма, чии драми ја отсликуваат самата срж на македонскиот живот и дух.

Има напишано повеќе од 30 драми, сценарија за ТВ-филмови и серии, либрета и радио драми меѓу кои и „Дупло Дно“, „Чернодрински се враќа дома“, „Тетовирани души“, „Зодијак“, „Наши години“ итн. Од нив произлегле и овие култни реченици и цитати кои уште долго ќе се паметат.

По неговата смрт, зад него остави цитати кои македонската јавност ќе ги помни заедно со споменот за Стефановски.

Јаков: Затоа што сум жив. Вам ви е сеедно. Луѓето копнеат да умрат. Основците копнеат да станат гимназијалци, гимназијалците студенти, студентите да најдат работа, вработените да се оженат, оженетите копнеат по стан и да им пораснат децата за мирно да си се пензионираат, пензионерите копнеат по здравје, а сите копнеат да умрат и мртви копнеат да се родат за пак да се условно живи, во нов расчекор со себе. (Дупло Дно)

Цибра: Иднината никако да дојде, минатото никако да си отиде, а ние овде глумиме сегашност. (Тетовирани души)

Киро: Не ме боли га*от за народните права, ниту народот ги заслужува, ниту може да ги има, ниту ако ги добие ќе знае што да прави со нив. (Лет во место)

Анастазија: Има помалку души одошто луѓе. Знаете ли тоа? Има повеќе тела одошто души. Па една душа опслужува повеќе тела. Душите се како кучиња. Сакаат да се блиску до господарот. А вам ви е гајле. Ги пуштате да гладуваат, да лутаат неспокојно. (Жив Човек)

Никола: А што значи самоубиство? Нас не повика татковината. Јас зедов пушката и тргнав. Како и татко ми пред мене. Имам вера во Бога. Имам вера во власта. (Екс-ју)

Денес сè се купува и продава. Дури и она кое луѓето мислат нема цена. Тоа обично е и најевтино. (Диво Месо)

Јаков: Ѕидот во вашата глава. Одбивам да сум жив по инерција, да дишам на шкрги. Одбивам да чекам како јаре пред Ѓурѓовден, како свиња пред Божиќ. Одбивам да шетам со цревата во раце, да гледам како нестручно ме оперирате, сечете и шиете, како ми гнојат раните и да се прашувам колку ли ќе ме боли кога ќе дојдам на себе. Не сакам седативи. Не сум купче протплазма. Имам волја и разум и ја преземам одговорноста за својот живот. (Дупло Дно)

Димитрија: Да знаев какви ќе излезете ќе ве из*ркав во чаша. Ебави младоста. Сè ќе запустите. Не признавате ни ѓавол ни бог. Немате ред ни во главите, ни во телата…  (Диво Месо)

Најнови вести