Времето денеска во утринските часови посвежо, преку денот сончево со мала до умерена локална облачност.
Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 17, а максималната ќе достигне од 25 до 31 степен. УВ индексот ќе изнесува 8.
Во Скопје наутро посвежо, преку денот сончево со мала до умерена облачност и со слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 29 степени.
Во четврток ќе има преодно дестабилизирање на времето и локална појава на нестабилност проследена со пороен дожд и грмежи. Потоа следува период на стабилно и потопло време.