петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Денеска комеморација и последно испраќање на маестро Милан Завков

Денеска комеморација и последно испраќање на маестро Милан Завков

Комеморативен собир во спомен на првенецот на Танец, врвен инструменталист и музички автор, Милан Завков ќе се одржи денеска.

Комеморацијата ќе започне во 10 часот во Фоајето на Националната опера и балет, а последното испраќање ќе се одржи во 12 часот, во капелата на Градските гробишта во Бутел. Eден час потоа ќе биде извршено и погребувањето на посмртните останки.

Маестро Милан Завков почина ненадејно пред два дена, во 61-та година од животот. Зад себе остави многу врвни изведби и антологиски музички творби. Колегите загубија извонреден колега, а сопругата и ќерките, прекрасен сопруг и татко.

Најнови вести