Денеска навршуваат 40 дена од смртта на младиот Никола Саздовски- Саздо, кој до смрт беше претепан во скопска Автокоманда. Настанот се случи на 29.06.2018 година околу 17:30 часот кога Саздовски бил нападнат од Б.Б.(20), С.Д.(21) и Ј.Љ.(19), сите од Скопје додека тој бил на авотбуска станица со својата девојка.
Саздо неколу дена беше во кома, а потоа им подлегна на повредите.
Навивачката група „Комити“, чиј член беше и Саздо, денес присуствуваше на одбележувањето 40 дена од смртта на Саздо.
Инаку, двајцата напаѓачи на Саздовски се наоѓаат во притвор, додека третиот осомничен е се уште во „бегство“.