сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Денеска по 13ти пат коњаницата „Бигорски Манастир – Патот на Црешовото Топче“ пристигна во Бигорски Манастир (ФОТО+ВИДЕО)

Денеска по 13ти пат коњаницата „Бигорски Манастир – Патот на Црешовото Топче“ пристигна во Бигорски Манастир (ФОТО+ВИДЕО)

Денеска како и секоја година по 13ти пат коњаницата „Бигорски Манастир – Патот на Црешовото Топче“ пристигна во Бигорски Манастир, каде како и секоја година положи свечена заклетва и избра нов војвода кој ке ги води по патот се до Крушево, а оваа година честа да ја води коњаницата му припадна на Христијан Мојсовски – Кице.

МАРШРУТА НА КОЊАНИЦАТА “БИГОРСКИ МАНАСТИР- патот на црешовото топче-2022 година

По повод 119 години од одбележувањето на ИЛИНДЕНСКОТО ВОСТАНИЕ, симболот на македонскиот непокор, здружението Бигорски манастир ,,Патот на црешовото топче” по тринаесетти пат ќе учествува преку организиран коњанички марш.

Коњаницата оваа година ќе има учесници од Битола, Струмица , Скопје и неколку други градови од Македонија и се очекува околу 40 коњаници да се вклучат на овогодишната манифестација 10 дена крушевска република.

Коњичкиот марш има за цел да го продолжи аманетот на славните јунаци од Иленденското востание и дека без разлика на различностите, најважна е МАКЕДОНИЈА.

Во време кога нашата историја, традиција е оспорувана и напаѓана, токму ние младите треба да бидеме чувари на истото. Традицијата е коренот на еден народ, а народот кој не се грижи за својот корен брзо ќе исчезне.

ГОРДО, ДОСТОИНСТВЕНО ЌЕ ОДАДЕМЕ ПОЧИТ НА СЛАВНИТЕ ИЛИНДЕНЦИ. ДА ЈА ПОЧИТУВАМЕ И НЕГУВАМЕ ТРАДИЦИЈАТА. МАРШРУТА НА КОЊАНИЦАТА “БИГОРСКИ МАНАСТИР- патот на црешовото топче-2022 година

26 јули 2022 вторник :
Коњаниците ќе тргнат од с. Зубовце, с. Тумчевиште и Гостивар кон Бигорски Манастир и Крушево, по патот по кој било пренесено првото црешово топче како поддршка на илинденските востаници.

27.07.2022 среда:
10.00 часот Бигорски Манастир: Литургија ,Благослов и Заклетва.
11.00 часот Коњаницата по благословот во Бигорскиот манастир тргнува на пат за Јанче.
12,00 часот Пристигнување во с. Јанче, коњаницата од с.Јанче патува кон с.Галичник.
13.30 часот пристигнување во с.Галичник.
15.30 часот Коњаницата од селска ливада во Галичник тргнува за бачило Салтаница.
20.00 часот Пристигнување на коњаницата во бачило Салтаница.

28.07.2022 Четврток:
07.00 ч. Тргнување на коњаницата од бачило Салтаница и патува покрај бачилото Сулумуница.
11.00 часот пристигање на бачило Раштанец, по мала пауза коњаницата тргнува кон Кнежињо.
16.00 часот Пристигнување во Манастирот – Кнежино.

29.07.2022 Петок:
07.00 часот Тргнување од Манастирот во Кнежињо кон Крушино.
09.00 часот Пристигнување во Крушино.
10.00 часот Коњаницата влегува во Кичево на раскрсница кај борова шума -Коњаницата се упатува кон црквата во Кичево..Коњаницата после благословот од црквата се упатува кон с. Врањешница.
12.00 часот Коњаницата се упатува спрема општа болница во Кичево и излага на магистрален пат за с. Србјани. Коњаницата се упатува по селскиот пат Староец.
11.00 часот коњаницата влегува во с. Врањешница во црква СВ Илија.

30.07.2022 Сабота:
11.00 часот Коњаницата тргнува за пат за Цер.- По патот за сел Цер коњаницата поминува низ Турла и с.Црцко.
15.00 часот пристигнување во с Цер.

31.07.2022 Недела:
9.00 часот Коњаницата од с.Цер по патот за Крушево поминува низ с. Пуста Река покрај С, Долно Дивјанци и покрај Арилево
14,30 часот пристигнуване на езерото во Крушево -кампот на коњаницата Бигорски Манастир патот на црешовото топче.

Коњаницата СВ ЈОВАН БИГОРСКИ ПАТОТ НА ЦРЕШОВОТО ТОПЧЕ по тринаесети пат ќе учествува на прославата 10 дена КРУШЕВСКА РЕПУБЛИКА.

Најнови вести