петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Денеска завршува обврската за поседување зимска опрема во возилата

Денеска завршува обврската за поседување зимска опрема во возилата

Обврската за задолжително поседување зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба, трае до денеска, информира Автомотосојузот на Македонија.

Задолжителното поседување зимска опрема беше во сила од 15 ноември лани.

АМСМ соопштува дека е се уште непрооден регионалниот пат R-2248 село Ранковце – село Герман, на потегот од с. П’ клиште до село Герман, Општина Ранковце, блокиран од 10 месецов поради снежна покривка.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по суви коловози. (МИА)

Најнови вести