На сите 3.480 избирачки места гласањето се одвива непречено, истакна на денешната прес-конференција претседателот на Државната изборна комисија, Оливер Деркоски.
-Досега не се пријавени никакви инциденти на глаачките места. Се надевам дека вака денот ќе продолжи до крај. Ги повикувам граѓаните да си го остварат своето гласачко право, а исто така ги предупредувам членовите и замениците членови на избирачките одбори да ги почитуваат нашите упатства, инструкции и процедури онака како што ги почитуваат досега, да продолжат до крајот на изборниот ден се со цел овој изборен ден да помине онака како што треба, истакна Деркоски.