Претседателот на Државната изборна комисија, Оливер Дерковски потенцираше дека во изминатиот период се врши голем притисок врз комисијата со цел дел од политичката елита да ги оствари своите политички цели. Тој напоменува дека овој притисок е на очиглед на целата македонска јавност и изразува надеж дека ваквата ситуација ќе биде надмината.
-На очиглед на јавноста се повеќе се врши притисок врз комисијата. Меѓутоа јас сум сигурен дека ќе успееме да се надминеме себе си и ќе завршиме со успешен изборен процес кој нема да има никаква дамка на изборниот ден.
За тековните измени во избирачкиот список тој потенцираше дека за 7600 граѓани биле потребни околу 10-тина дена за нивните податоци да бидат обработени и ажурирани во ДИК соогласно измените во Изборниот законик препорачани од ОБСЕ/ОДИХР.
-За 7600 граѓани беа потребни 10-тина дена за обработка на податоците, кога се распишуваат изборите соогласно Изборниот законик во моментот кога ќе се определи датумот за избори, кога ќе се донесе решението за распишување на избори во истото решение се известува ДИК. Истиот ден ДИК е должна да го побара избирачкиот список од МВР во најновата состојба со најновите измени. По забелешките на ОБСЕ/ОДИХР и најновите измени во Изборниот законик кои се донесоа пред изборите сега сите граѓани кои имаат 18 години на до денот на изборите треба да бидат вметнати во избирачкиот список.
Тој напомена дека никој нема да загуби ако и даде доволно време на Државната изборна комисија да си ја заврши легитимно својата работа, а со тоа да не се овозможи ниту еден од учесниците да го оспорува изборниот процес.
-Во 30 дена има многу граѓани кои вадат лични карти, менуваат адреси, место на живеење на минатите избори таа бројка беше некаде околу 30 илјади граѓани. Значи не е за занемарување бројката која треба да се обработи и која и тоа како сметам дека ќе доведе до ситуација некој да го делегитимира процесот. Јас апелирам цело време да внимаваме, сметам дека никому не му менуваат 15-20 дена плус, ако комисијата ги добие да си ја заврши работата онако како што треба, за да заклучиме дека легитимно се обработил целиот процес.