Десетици жители на Теарце се заразени од бактерија. Првичните сомнежи се дека бактеријата доаѓа од системот за водата за пиење која вчера Институтот за здравство ја зема за анализа и се очекува денеска да ги објави резултатите, по што ќе се дознае дали причината за проширувањето на вирусот е водата за пиење со која се снабдуваат жителите на Теарце, јавува Алсат.
Заразените од вирусот на почетокот чувствуваат замор, а потоа им се појавуваат и други симптоми.