Следствено на фактот што Законот за Јавно Обвинителство е во комисијата за европски прашања како „матична комисија“, доаѓа и оправдувањето на министерката Рената Дескоска која ги отфрли обвинувањата, па и натаму упорно тврди дека законот е утврден во Влада.
„Во Собрание бил по грешка донесен Законот со грешки, кој не бил утврден на седница на Влада. Потоа по реакција на пратениците на ДУИ потврдивме дека е поднесен погрешен текст на законот, кој текнички го повлековме и во Собрание го донесовме Законот кој бил утврден на владина седница. И затоа не е вистина дека текстот не е утврден во Владина седница”, рече Дескоска
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ побараа законот да се исфрли од дневниот ред, но предлогот беше одбиен со мнозинството гласови од членовите на комисијата со провладина констелација.