Во емисијата „Топ Тема“ министерката за правда, Рената Дескоска зборуваше за тоа колку Република Македонија е подготвена да го примени законодавството нa ЕУ и европските стандарди во областа на правото и рече дека Република Македонија не е целосно спремна да ги имплементира сите стандарди и поради тоа не е членка на Европската Унија.
-Ние како држава не сме целосно спремни да ги имплементираме сите стандарди бидејќи да бевме спремни ќе не примеа уште утре во ЕУ, истакна Дескоска.