среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Дескоска си тера по свое, не прифаќа ниту една забелешка за Законот за јавно обвинителство

Дескоска си тера по свое, не прифаќа ниту една забелешка за Законот за јавно обвинителство

Започна работна средба законот за Јавно обвинителство на парламентарните групи по одржаната јавна расправа.

На средбата ќе ги разгледаат забелешките кои ги дадоа правните експерти, по што се очекува законот по скратена постапка да влезе во Собрание.

Според наши извори, министерката за правда Рената Дескоска не прифаќа ниту една суштинска забелешка на експертите кои до вчера расправаа за текстот на предлоф законот.

-Не прифаќа ниту една суштинска забелешка дадена од Претседателот на Советот на обвинители, од професорите Калајџиев, Тупанчевски, Силјановска Давкова, Каракамишева, Климовски,  Даштевски, информираат изворите.

„Друштото“ кое е про владата и истовремено про или за контроверзниот закон за ЈО, освен министерката во актуелната влада на СДСМ и самономинирана претставничка во Венецинјанската комисија Дескоска, го чинат екс министерот на СДСМ во чиј мандат се случи атентатот на Киро Глигоров, Љубомир  Фрчкоски (чија сопруга ја брани Јанева во „Рекет“), филозофот и „новинар“  Џабир Дерала, обвинителот  Љубомир Јовески и Федералниот министер за правда на СФРЈ Владо Камбовски. Повеќето наведени, случајно, беа и силни поддржувачи и на промената на уставното име и на редица други акти и закони насушни за СДСМ, но не и за државата, со што го добија прекарот „експерти на копче“. Кога ви требаат, едноставно – притискате и ги повикувате, а тие исполнуваат без поговор, велат по кулоарите.

 

Најнови вести