По вчерашната изјава на министерката за правда, Рената Дескоска се поставија неколку прашања околу актуелната тема за енормните суми на хонорари кои се делеле по СЈО. Таа на прашањата одговори многу бледо, со што ја префрли топката дека не само од СЈО земале такви хонорари, туку сите судии низ државата и дека треба да се разгледаат сите хонорари кои се даваат на граѓаните.
Постои основан сомнеж дека ваквиот одговор Дескоска го даде поради тоа што на последните списоци излезе името на нејзиниот братучед кој имал земено хонорар околу 60-тина илјади евра, а неговото име е Перо Бошков.
На прашањето за хонорарите министерката Дескоска одговори:
„Јас очекувам ЈО да биде професионално и стручно во сите истраги што ги врши. Се што ќе најде како докази да биде презентирано во сите идни постапки. Така што како што очекувам за сите постапки да бидат стручни и професионални така и за оваа“.
Министерката за правда застана директно во одбрана на скандалот кој е актуелен деновиве со исплатата на додатоци за вработените на СЈО, бидејќи како министер треба да е запознаена со исплаќаните додатоци од СЈО.
-Ако се сеќавате пред неколку недели на една од прес-конференциите јас истакнав дека судиите и јавните обвинители имаат право на додатоци на плата според нивните матични закони. И истакнав дека имаме индиции за некој начин на нелогично исплаќање на овие додатоци, не врз основа на реални критериуми. И ви кажав дека буквално во сите судови, сите судии добиваат иста висина на додаток. И оние кои што се оптеретени со предмети и оние кои што немаат толку предмети, и оние кои што работат да речеме ризични предмети на кои што треба доверливост, и оние кои што работат предмети кои што не се со таков степен на ризик. Значи правото на додаток постои во законите, на јавниот обвинител е да утврди дали тој додаток се исплаќал согласно критериуми кои што постојат, јас немам увид во нивните акти, какви им се внатрешни акти за распределба на додатоците. И да види дали висините одговараат на она што е законска рамка. Така што од тој аспект мислам дека и самиот обвинител најави дека тоа испитување ќе го направи. Секако моите заложби се за принципиелност во постапувањето спрема сите, значи би било добро да се види како сите додатоци се исплаќаат во државата. Дали се оди врз основа на почитување на критериумите, како се утврдува степен на ризик, степен на доверливост, така што мислам дека тоа е принципиелен став, а не да се тргнува само по едни, а се друго да се остави на страна, одговори Дескоска.
Во одговорот, министерката Дескоска целосно се амнестираше од овој проблем кој се прошири низ јавноста. На овој начин, таа застана во одбрана бидејќи на листата на тие што земале државни енормни суми на пари се наоѓа и нејзиниот братучед.