понеделник, 20. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Дескоски: Се чини дека Андов ја доби најдобрата реклама- стана забранет автор

Дескоски: Се чини дека Андов ја доби најдобрата реклама- стана забранет автор

Универзитетскиот професор Тони Дескоски на својот Фејсбук профил објави статус во кој е зачуден од привремената мерка за забрана на автобиографската книга на Стојан Андов.

-Малку ми е зачудувачка привремената мерка за забрана на автобиографската книга на Стојан Андов.
Ќе разберев ваква мерка ако тој беше тужен за плагијат, па преку забраната да се спречи евентуална дополнителна штета за вистинскиот автор.
Но, во овој случај, тужбата е за клевета (како што известуваат медиумите). Книгата подолго време е во оптек, а спорната содржина е веќе општо позната. Ако имало клевета, таа е веќе сторена. Се чини дека Андов ја доби најдобрата реклама. Стана забранет автор, стои во неговиот пост на Фејсбук.

Најнови вести