понеделник, 20. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Дескоски: Со договорот од Преспа, ние полека но сигурно го заокружуваме исполнувањето на сите грчки барања од 1992 година

Дескоски: Со договорот од Преспа, ние полека но сигурно го заокружуваме исполнувањето на сите грчки барања од 1992 година

Универзитетскиот професор Тони Дескоски во статус на Фејсбук, објаснува што е целта на одредбата од чл. 1, ст. 12 од Преспанкиот договор, со која се предвидуваат измени на Преамбулата, чл. 3 и чл. 49 од Уставот на Република Македонија.

Фејсбук статус на Тони Дескоски:

ШТО Е ЦЕЛТА НА одредбата од чл. 1, ст. 12 од Преспанкиот договор, со која се предвидуваат ИЗМЕНИ НА Преамбулата, чл. 3 и чл. 49 од УСТАВОТ на Р. Македонија?
ОДГОВОР: ДА СЕ ОПРАВДА ГРЧКОТО НЕПРИФАЌАЊЕ НА МИСЛЕЊЕТО БР. 6 НА БАДИНТЕРОВАТА КОМИСИЈА, И ДА СЕ ДОБИЕ ИМПЛИЦИТНО ПРИЗНАНИЕ ОД НАШАТА СТРАНА ДЕКА ГРЦИЈА БИЛА ВО ПРАВО КОГА НЕ ГИ ПРИФАТИЛА НАВОДИТЕ НА БАДИНТЕР ЗА НАШИОТ УСТАВ.
Образложение:
Во неодамнешната конверзација уважениот Амбасадор Зашов ми укажа на една работа во врска со спорот за името: дека всушност со Договорот од Преспа, ние полека но сигурно, го заокружуваме исполнувањето на сите Грчките барања од 1992 година, кои беа испорачани од Владата на Мицотакис, по добивањето на позитивното мислење од т.н. Бадинтерова комисија.
И навистина, кога човек ќе го погледне чл. 1 ст. 12 од Договорот, ќе нотира дека дека покрај уставниот амандман за промена на името на државата во „Република Северна Македонија”, предвидени се уште три амандмани на Преамбулата и членовите 3 и 49. За разлика од амандманот за промена на името, за останатите три амандмани не е наведено ниту која ќе биде нивната содржина, ниту пак која е целта која се сака да се постигне.
Тоа е можно доколку се изврши увид во Грчките документи од 1992-93 година. Најнапред, во обраќањето на Министерот Самарас од 17 јануари 1992 година (два дена по објавувањето на Бадинтеровото мислење), во кое тој објаснува зошто за Грција не е прифатлив наодот на Бадинтеровата комисија. Меѓу другото, кај нашиот Устав, според него се проблематични Преамбулата – заради повикувањето на документите на АСНОМ, чл. 3 – затоа што предвидува дека територијата на Р. Македонија е неделива, но предвидува и можност за менување на границата, и чл. 49- заради тоа што предвидува дека „Републиката се грижи за положбата и правата на припадниците на македонскиот народ во соседните земји”.
За сите неверни Томовци, еве линк до текстот на обраќањето на Министерот Самарас:
http://www.macedonian-heritage.gr/OfficialDoc…/Samaras2.html

Впрочем, за ова пишуваше и проф Шкариќ во една неодамненшна колумна на интернет портал.
Понатаму, истите забелеќки на Грција, се наведени и во Дописот на Грчкиот Министер за надворешни работи Папаконстантину до Генералниот секретар на ОН од 25 јануари 1993 година, со кој допис Грција се противи на било каков прием на Р. Македонија во ОН. (UN doc. S/25158) Овој допис е објавен како Анекс 26 кон нашиот Поднесок-Мемориал кон тужбата пред МСП во Хаг, а подолу објавувам делови од него.
Со прифаќањето на обврската за измени на Преамбулата, чл. 3 и чл. 49 од Уставот во Преспанскиот договор, навидум се чини дека целта на двете страни е да се промени содржината на Преамбулата и на двете уставни одредби. Но, оние што ќе се потсетат на Историјата на спорот, веднаш забележуваат (исто како и Амбасадорот Зашов), дека всушност Грција на овој начин реализира едно свое барање, поставено по објавувањето на Бадинтеровото мислење за содржината на нашиот (изменет) устав. Ќе потсетам, дека позитивното Бадинтерово мислење е добиено дури откако ние за само 12 дена ги променивме токму чл. 3 и чл. 49 од Уставот. Всушност, ние со прифаќањето повторно да ги промениме чл. 3 и чл. 49, а над тоа и Преамбулата на Уставот, всушност во целост имплицитно (премолчно) признаваме дека Грција со право ги спорела овие уставни одредби, независно што истите се позитивно оценети од Бадинтеровата комисија.
Уште повеќе, ова е имплицитно признание и дека Грција со право инсистирала на овие уставни измени, дури и откако истите не ги добила од Претседателот Глигоров во Времената спогодба од 1995 година.
Сега приказната полека се заокружува.

Најнови вести