понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Деспотовски: Голем интерес за средства од Планот за економски развој

Деспотовски: Голем интерес за средства од Планот за економски развој

Интересот за користење кофинансирани грантови за микро, мали и средни претпријатија  обезбедени согласно владиниот План за економски раст е голема. Се очекува сите обезбедени средства во висина од околу 10 милиони евра да бидат доделени уште при првиот повик, што завршува на 11 јуни.

– До денеска повеќе од 320 компании, микро, мали средни имаат подигнато апликациски пакет. До истекот на огласот на 11 јуни ќе има голем број компании кои ќе се пријават и ќе покажат интерес за користење на можностите кои се нудат планот за екномски раст. Вкупниот обем средства издвоен е 645 милиони денари. Иако првично планиравме средствата да ги доделиме во три повици, по досегашниот интерес, очекувам поголем дел или сите средства да бидат доделени на компаниите, рече директорот на Фондот за иновации и технолошки развој Јован Депостовски.

Тој потенцира дека претставници на четирите комори ќе бидат вклучени во процесот на следење на реализација на планот од моментот на објавување, до евалуација на пристигнатите предлози, како и потпишување и реализација на договорите.

Деспотовски најави дека поради големиот интерес за користење на ваков тип средства во тек се преговори за обезбедување дополнителни средства за објавување нов ваков повик во септември годинава.

Претседателот на Комората на Северозападна Македонија Неби Хоџа, кој денеска заедно со Депостовски присуствуваше на инфо-сесија за овој јавен повик со членовите на оваа комора истакна дека целта е пред членството да се презентираат практичните аспекти за аплицирање за финансиска поддршка за инвестициите .

– Интересот е голем, обемен и се надеваме дека нашите членови ќе имаат добра можност интерактивно да дискутираат и да видиме како подобро да се добијат тие средства, рече Хоџа.

Најнови вести