четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Деспотовски разочаран од владата на СДСМ за бегството на Мијалков: Не ми е лесно да ја претставувам СДСМ денеска, правда нема

Деспотовски разочаран од владата на СДСМ за бегството на Мијалков: Не ми е лесно да ја претставувам СДСМ денеска, правда нема

Директорот на ТИРЗ од СДСМ, Јован Деспотовски во вечерашното гостување во емисијата Анализа на ТВ 24, рече дека одговорност за бегството на екс директорот на УБК Сашо Мијалков мора да има, бидејќи актуелната влада на СДСМ ја добила довербата на граѓаните за да донесе правда, посочувајќи дека трет пат се случува малтене една иста работа и дека правдата е бавна.

-Не е добро. Не е добро затоа што оваа политичка гарнитура која што јас ја претставувам денеска, а не е едноставно да ја претставувам, доби доверба од граѓаните за да донесе правда, но очигледно е бавна. Втор пат, односно трет пат господинот Давидовиќ спомна се случува малтене една иста работа, вели Деспотовски.

Според Деспотовски, ваквото случување влијае на одлуките на домашните бизнисмени, но и на странските бизнисмени.

-Тоа што ние дискутираме внатре, влијае на одлуките на домашните прво бизнисмени, а потоа на странските бизнисмени. Значи ова не е никакво оправдување, вели Деспотовски.

-Одговорност мора да има, значи еднаш мора да ставиме цртка и да кажеме, да кој работи и греши, меѓутоа не смееме да дозволиме одредени грешки да ни се случуваат во неколку наврати, истакна тој.

Најнови вести