Двете девојчиња од Струмичко кои вчера беа пријавени дека се изгубиле на територијата на центарот на Скопје, се пронајдени синоќа околу 23:50 часот на бул. Борис Трајковски во Кисела Вода, соопшти МВР.
-Веднаш по добиената пријава од страна на полициските службеници преземени се соодветни мерки и малолетничките се пронајдени, наведуваат од МВР.
Девојчињата на возраст од 12 и од 14 години беа пријавени вчера околу 16 часот во СВР Скопје, од страна на нивната наставничка која ги водела на еднодневна екскурзија.