среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Детално објаснување: Што значи да се биде на респиратор?

Детално објаснување: Што значи да се биде на респиратор?

Нашата земја се соочува со здравствена криза од досега невидени размери. Во пандемијата на COVID-19, во Република Северна Македонија досега се регистрирани вкупно 9.547 заразени, бројката на оздравени пациенти е 5.071, на починати е 442, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4.034.

Во последните 24 часа се направени 1.437 тестирања, а регистрирани се 137 нови случаи на COVID-19. Во ГОБ „8 Септември“ примени се 11 нови, вкупно хоспитализирани се 91 пациент. На респираторна машина се 6 пациенти.

Што всушност значи да се биде на респиратор?

Борче Манев Божинов, претседател на невладина организација СТАР, кој работи на креирање на здравствени политики за маргинализирани заедници, детално го објаснува тоа и за Kajgana.com изјави дека се верува дека со тоа ќе се придонесе во зголемување на јавната свест.

Неговото објаснување, оригинално објавено на приватниот Facebook профил, ви го пренесуваме во целост.

За оние кои НЕ знаат што значи да се биде на РЕСПИРАТОР.

За почеток, респираторот не е кислородна маска ставена преку устата на пациентот, додека тој лежерно одмара и чита весник на болничкиот кревет.

Респираторната цевка се спроведува под анестезија и останува во вашата трахеа 2 до 3 недели, овозможувајќи ви да дишете во ритамот на белодробната машина. Нема да бидете во можност да разговарате, да кажете дали ве боли, да јадете или било што друго да правите затоа што вие сте тотално неспособни а машината живее и дише за вас.

Заради непријатностите и болката која ќе ја чувствувате, здравствените работници во континуитет ќе мораат да ви даваат седативи и лекови против болка, со цел да се осигураат дека вашата плуќа е толерантна на страното тело поставено во неа. Како да сте во вештачка кома.

После 20 дена од поставениот респираторен систем, младите пациенти ќе изгубат 40% од својата мускулна маса, и ќе добијат траума на устата или гласните жици, како и можни белодробни или срцеви компликации.

Како резултат на ова, постарите или изнемоштени лица (баба ти, дедо ти, татко ти, мајка ти) нема да бидат во состојба да ги преживеат овие компликации.

За разлика пак од респираторната машина, маските за уста познати како заштитни маски, се продаваат во секоја аптека, чинат од 25-30 денари, не се интубираат, се носат без анестезија, не предизвикуваат белодробни трауми и ако се носат постојано спасуваат животи.

Респиратор или маска?

ТИ ОДБИРАШ ШТО ЌЕ НОСИШ.

(МИА)

Најнови вести