Тринаесетмесечното дете од Свети Николе, кое вчера попладне почина од компликации предизвикани од морбили, малите сипаници ги префатило од неговиот татко.
Родителот исто така во овој период се заразил со мали сипаници.
-Детето пред неколку дена е примено на Клиниката за инфективни болести, но поради влошување на состојбата во петокот беше префрлено на нашата Клиника. Претходно, ова дете поради белодробни болести повеќе пати е лекувано и поради намалениот имунитет не ни можело да биде вакцинирано, бидејќи било третирано со кортикостероиди за белодробното заболувањ“, вели д-р Катреина Ставриќ.
Ставриќ објаснува дека откако се заразило со мали сипаници состојбата му се влошила и првично е примено на Клиниката за инфективни болести, од каде по неколкудневно лекување е препратено на Детска клиника.
-Апел до родителите да ги вакцинираат децата, бидејќи опфатот треба да биде над 95 отсто, бидејќи вака се најпогодени токму оние чиј имунитет е намален и не може да бидат вакцинирани, вели д-р Ставриќ.