16 проценти е излезноста до 13 часот според податоците на Државната изборна комисија од 90,24 проценти од избирачките места во државата.
Претседателот на ДИК Оливер Дерковски на третата прес-конференција истакна дека според податоците со кои располагаат до 13 часот своето право го искористиле 261.473 гласачи запишани во Избирачкиот список.
Тој нагласи дека денот се одвива нормално со ситни инциденти кои се санирале навремено.
-Во целина сметам дека нема посериозни нарушувања на целиот ден и апелирам до граѓаните до крајот на референдумскиот ден да го искажат својот демократски капацитет, нагласи Дерковски.
Наскоро поопширно