среда, 13. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ДИК ги корегираше бројките на избирачи кои гласале и на неважечките ливчиња на изборите

ДИК ги корегираше бројките на избирачи кои гласале и на неважечките ливчиња на изборите

Државната изборна комисија вечерва објави соопштение на својата веб страница со кое ги корегира резултатите од предвремените Парламентарни избори одржани на 15 јули, објавени на 16 јули.

Како што се наведува во денеска објавениот Заклучок за исправка на технички грешки, вкупниот број на избирачи кои гласале изнесува 943.750, што е за 1.416 повеќе од првично објавената бројка, а вкупниот број неважечки гласачки ливчиња изнесува 31.564 или за 98 повеќе.

Во Заклучокот објавен на 16 јули ДИК објави дека вкупниот број избирачи кои гласале изнесува 942.334, а вкупниот број на неважечки гласачки ливчиња изнесува 31.466.

Најнови вести