Од ЕЛЕМ не беа во состојба да си произведат она што требаше да му го предадат на ЕВН за домаќинствата. И тоа за домаќинствата, а да не зборуваме за приватниот сектор. Зошто не беа спремни? Зошто не произведуваа? Зошто не ја продадоа струјата по цена повисока од таа нивна производна и од таа нивна што ја даваа на ЕВН 37 мислам евра за еден мегават? Еве и 100 да ја продадоа за приватниот сектор, ЕВН ќе купеше по 250 евра од увоз и 100-те евра ќе направеше микс и компаниите ќе добиеја пониска цена. Значи јас тоа го зборувам. Зошто не се произведуваше во ЕЛЕМ? Тоа е задачата на државата да излезе во пресрет и на компаниите и на граѓаните кога им е тешко. А, беше тешко и се уште е тешко и ќе биде“, истакна Гордана Димитриеска Кочоска, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во радио „Лидер“.
Димитриеска Кочоска додаде дека жално е што воопшто нема никакви придвижувања во енергетиката. И оние коментари на премиерот дека во последниве 30 години не било направено ништо во енергетиката, нека отиде да се распраша што се направи во периодот на владеење на ВМРО-ДПМНЕ.
– Воопшто не се грижи за базната енергија, се грижи за фотоволтаици. Да, треба да има обновливи извори на енергија и тоа треба на некој начин и да се субвенционира, но што правиме со базниот дел, запраша Димитриеска Кочоска.
Димитриеска Кочоска посочи дека податоците во економијата се поразителни дури и во последната анкета за деловни тенденции или тоа се очекувањата на преработувачката индустрија за месец март и за следните три месеци покажува поразителни резултати. А, тоа е дека ќе се зголемуваат залихи, ќе се отпуштаат луѓе од работа, значи покажува нешто што загрижува многу.
– Кризата или војната во Украина не сме ја почувствувале се уште, знаете ли кога ќе ја почувствуваме, кога ќе дојде нова реколта на земјоделските производи, на житата, на сончоглед. Сега се уште имаме залихи од претходната користиме, што ние, што светот. Цените отидоа нагоре, но се уште оној недостаток реален го нема бидејќи се реорганизираат државите и си створаат залиха, затоа што знаат дека периодот што следи ќе биде тежок, појасни Димитриеска Кочоска.
Димитриеска Кочоска укажа дека во економијата се се случува со временско задоцнување од најмалку девет месеци.
– Од власта се упропастија, се урнисаа, заборавивме да ги спомнеме и двајцата генерални секретари на Владата кои што јасно го потврдуваат она што јас го зборувам. И едниот и другиот кои што се во притвор за кои што имаат и дела. Поголем доказ од тоа дека буџетот им служел како извор на корупција не постои, нагласи Димитриеска Кочоска.