вторник, 14. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Димитриеска Кочоска: Раст на економија не може да оствари оваа власт која гледа како да украде, а не да создаде, немаме капитални инвестиции, најлоши сме на Балканот

Димитриеска Кочоска: Раст на економија не може да оствари оваа власт која гледа како да украде, а не да создаде, немаме капитални инвестиции, најлоши сме на Балканот

Седум проценти раст на БДП може да оствари некоја друга економија, но не македонската. За да може да има таква стапка на раст на БДП треба да има инвестиции, а ако ги погледнеме бројките на инвестиции, тие се вознемирувачки, компаниите многу малку реинвестираат, изјави потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Димитриеска Кочоска за „Тема на денот“ во Дневникот на Сител.

Таа истакна дека тоа значи дека компаниите или не ја гледаат иднината во Македонија или има друг проблем како што е економската нестабилност, но и човечкиот потенцијал, нема работна сила.

– Ни треба и поголема продуктивност, опрема, машини, нови технологии, извоз. Тоа е сложен процес и не може да се оствари од оваа влада. Треба да има континуитет, да се работи ден и ноќ посветено да се мисли како да создаде, а не да украде, за да може да има резултати. Не може да зборуваме за некаков економски развој и да зборуваме дека капиталните инвестиции се клучни ако во исто време знаеме дека 230 милиони евра му се дале на ЕСМ, а тие ги користат за оперативни трошоци. Нема инвестиции тоа е најстрашното, потенцираше Димитриеска Кочоска.

Таа додаде дека кога ќе се смени власта ќе биде голем предизвик, ќе се направи анализа и да се види кои се капиталните инвестиции што се реализирани затоа што ништо сега не гледаме.

Зборуваме за автопатишта но кажете кој автопат е направен? Денес не гледаме ништо. Не може да зборуваме за развој ако капиталните инвестиции се злоупотребуваат. Најлоши сме на Балкан, а порано бевме најдобри, нагласи Димитриеска Кочоска.

Најнови вести