Новата фискална стратегија која власта ја презентираше пред една недела и стратегијата за управување со јавниот долг, требаше да бидат презентирани откако ќе се усвои ребалансот, поготово фискалната стратегија, вели Гордана Димитриеска Кочоска, член на Извршниот одбор на ВМРО-ДПМНЕ, затоа што луѓето што работат со финансиско планирање тоа го знаат, имаме ние базна година а тоа е 2021 година и во суштина проекциите понатаму ги базираме на она што ни е базна година.
Таа во емисијата „Економски магазин“ на Алсат телевизија истакна дека ако внимателно се погледне фискалната стратегија, за која зборуваше министерот за финансии, Фатмир Бесими ќе се види дека приходите презентирани таму не се исти со приходите кои се проектирани согласно вчера предложениот ребаланс на буџет.
„И сега ако ја погледнете фискалната стратегија и ако се внимание се слушаше вчера што зборуваше министерот за финансии ќе се види дека ребалансот на буџетот, односно приходите не се проектирани така како што се предвидени со ребалансот. И по автоматизам фискалната стратегија веќе е, може да кажеме, може да се фрли во канта заради тоа што треба повторно да се планира. Податоците не се совпаѓаат. Не е исто на овие иницијални приходи кои што претходно ги имавте, да планирате 5% стапка на раст или пак на новиве да планирате 5% стапка на раст. Така да тоа беше комплетно несватливо зошто го направија или повторно, јас постојано тоа го зборувам, имаме недостаток на луѓе кои што таму знаат да планираат или пак планираат во интерес на некакви политички цели. Серозен човек кој што планира не би го направил тоа, рече Димитриеска Кочоска.
Таа додаде дека интересно е тоа што власта не го испланира, но во фискалната стратегија и во стратегијата за управување со јавен долг го предвидоа новото задолжување од неколку стотици милиони евра, кое ќе дојде како режултат на пополнување на добкаат во зголемениот буџетски дефицит.
„Но, она што е најинтересно, овој дел не го испланираа, ама не заборавија, и во фискалната стратегија и стратегијата за управување со јавен долг да го предвидат новово задолжување поради зголемениот буџетски дефицит кој што го превидуваат со ребалансот. Па така, првичната фискална стратегија го имаше во себе државниот долгот од 53,2%, колку што требаше да ја завршиме годината со буџетскиот дефицит од 4,9% , како што е во иницијалниот план, а веќе во новата фискална стратегија, вие имате државен долг од 54,5% од БДП. Тоа е свесно направено, долгот е инкорпориран, но сето останато не е чепнато воопшто“, констатираше Димитриеска Кочоска.
Таа смета дека друг интересен факт е тоа што во однос на планирањето на долгот, кој во наредните години значително ќе се зголеми, од власта велат дека ќе се фокусираат на задолжување од домашниот пазар.
Но, Кочоска вели дека не гледа капацитет на домашниот пазар да се најдат толку пари колку што на власта му е потребно за предвиденото зголемување на јавниот долг.
„Интересно, исто така, во делот на планирањето на долгот е тоа што во годините кои што следат, тие велат дека ќе се фокусираат повеќе на зголемено нето задолжување во земјата, односно ќе земаат пари од граѓаните и банките, пензиските фондови независно, на домашен пазар, а да кажеме од 2024 година веќе нема да се задолжуваат во странство. За да бидам појана, не дека нема да се задолжуваат, туку ќе земат толу пари долг од странство колку ќе треба да вратат. Јас не гледам дека каде тие на домашниот пазар ќе можат да ги најадат тие пари, освен ако не гледаат во физичките лица, меѓутоа сега пак се враќаме кај она, кој ќе и верува на Влада која што вртоглаво го расте јавниот долг и ќе тргне да купува државни хартии од вредност, спомнуваа и некаква зелена обврзница. При тоа морам да го кажам и тоа дека, зелената обврзница која што владата го најави не е некој новитет, во високо развиените земји постојат повеќе од десет години“, вели Кочоска.
Таа појаснува дека на оваа Влада која енормно го зголемува јавниот долг и со вака мал раст на економијата никој на домашниот пазар, особено граѓаните нема да му веруваат за да купуваат државни хартии од вредност.
„Вие за да можете да ги анимирате, на некој начин, луѓето и да купуваат државни хартии од вредност, односно да зголемуваат изложеност на домашен пазар, треба да има причина за тоа. А, во услови кога имаме ваква состојба, кога расте долг, кога имеме непродуктивни трошења, кога бруто инвестиции паѓаат, кога немаме никакви гледишта дека БДП ќе расте, проектираат БДП со 5%, а во исто време имаме просечна стапка на раст на БДП, во нивниот период без кризата, од 2,4%. И во такви услови ние треба да очекуваме дека тие ќе го дуплираат тоа“, запраша Димитриеска Кочоска.