сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Димитриеска Кочоска: ВМРО-ДПМНЕ го пренесува гласот на народот и тоа што го ветува, го исполнува, Македонија може да се извади на вистинскиот пат

Димитриеска Кочоска: ВМРО-ДПМНЕ го пренесува гласот на народот и тоа што го ветува, го исполнува, Македонија може да се извади на вистинскиот пат

Тим предводен од потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Димитриеска Кочоска во рамки на акцијата „Ова е Македонија за сите“ ги посети населените места Тумчевиште, Галате, Вруток и Беловиште каде со граѓаните разговараа за проблемите, но и да се понудат решенија кои ќе влезат во програмата на ВМРО-ДПМНЕ.

– Доаѓаат парламентарни избори, ние сме со граѓаните, ние го пренесуваме гласот на народот и во Собрание и секаде каде што можеме и во исто време спремаме програми кои ќе бидат прифатливи за нашите граѓани, рече Димитриеска Кочоска.

Таа потенцираше дека граѓаните треба да знаат дека се што ВМРО-ДПМНЕ ветува, тоа го реализира.

На средбата беше нагласено да не се губи надеж, во Македонија има потенцијал и луѓе кои знаат како Македонија да се извади на вистинскиот пат кој ќе значи подобар живот за секого.

Најнови вести