Гордана Димитриеска-Кочоска заменик министер за финансии во гостување на телевизија 24 зборуваше за расходните трошоци каде истакна дека во овој момент нема потреба од јавните набавки дали било на храна или во делот на стоки и услуги.
-Прво гледаме дека во периодот имаме ситуација каде јавните набавки дали било на храна, дали било на апетисани јасно покажуваат дека во овој момент апсолутно нема потреба од такво нешто. На крајот од денот зошто треба да има и во наредниот период потреба да се обезнедуваат. Тоа е класичен трошок за репрезентација која што во моментот не ни е потребен. Исто така во делот на стоки и услуги треба да ги погледнеме работите и да сватиме дека и таму треба да се скрати. Во овој момент се појавуваат договори на дело, консултантски услуги , а јасно по закон стои кога треба да се ангажира некој со договор на дело, нели кога има потреба и тоа и со оние на определено и привремено кога има потреба да ги ангажираш или има зголемен обем на работа. Ние и во овој момент продолжуваме со тие расходи, а немаме зголемен обем на работа. Но, кај тие услуги нема регулирано плата како кај администарцијата, таму имаме разлики така да и во тој дел треба да се направи детална анализа, потенцираше таа.