петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Димитриев до СДСМ: Иако ветивте дека проблемот со депонијата во Пробиштип ќе се реши до 2020, се уште не е на повидок

Димитриев до СДСМ: Иако ветивте дека проблемот со депонијата во Пробиштип ќе се реши до 2020, се уште не е на повидок

Пратеникот Емил Димитриев денес на собраниската седница на Комисија за финансирање и буџет истакна дека со поднесениот амандман предлага да се одобрат околу 143 милиони денари за санација и рекултивација старата депонија во Пробиштип, прва фаза.

Предлагам одобрување на средства за проект кој што е ветен од актуелната влада, и е ставен во клучните приоритети со рок на завршување 2020 година. Со оглед на тоа што три месеци делат од 2020 година мислев дека ќе добиеме понадежен одговор, појасни Димитриев.

Димитриев додаде дека со решавањето на проблемот со депонијата во Пробиштип, ќе се реши и еден од најголемите еколошки проблеми во Источна Македонија.

Најнови вести