среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Димитриев предлага разгледување на законот за следење на комуникации

Димитриев предлага разгледување на законот за следење на комуникации

На денешната седница во Собрание на Република Македонија, пратеникот Емил Димитриев од редовите на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ предложи дополнување на дневниот ред на седницата со нова точка за законот за следење на комуникации.

-Предлагам дневниот ред да го дополниме со нова точка предлог закон за изменување и дополнување на законот за следење на комуникациите по скратена постапка. Извесен период комисијата за следење на комуникациите и граѓанскиот совет наидуваат со проблем да ги ангажираат експертите и има една извесна блокада. Беа разгледани сите опции како и на кој начин да се ангажираат експерти и се дојде до мислење дека е потребна измена на законот, појасни Димитриев.

Димитриев додаде дека веќе подолго време  се чека овие луѓе да бидат ангажирани, направени се сите процедури за  селекции за избор на експерти.

Овој предлог беше прифатен од страна на пратениците во Собранието на Република Македонија.

 

Најнови вести